RGB/LED Екрани
Home / RGB-Led Ekrani
DELTA INFO Premium LED дисплеи
Поблиску до вашата публика
LED дисплеите на Делта Инфо се модерно решение за ефективно рекламирање и прикажување динамична содржина. Погодни се за трговски центри, деловни објекти, плоштади, пешачки зони, продавници, јавни установи и други фреквентни локации.
Централизирано управување
Cloud технологијата овозможува едноставно управување со еден или повеќе LED дисплеи од која било локација – директно од вашата канцеларија или преку мобилен уред.
Исклучително висока осветленост
Високиот интензитет на осветлување обезбедува:
- Одлична видливост и при силна сончева светлина
- Живописни и реалистични бои
- Висок контраст
- Остри и јасни детали
- Ефективно прикажување во текот на целиот ден
Автоматско приспособување на осветленоста
Вградениот сензор автоматски ја регулира осветленоста според условите во околината, обезбедувајќи оптимална видливост и рационална потрошувачка на енергија.
Совршен приказ без треперење
Високата стапка на освежување овозможува фотографиите и видеосодржините да изгледаат јасно и професионално, без треперење и визуелни пречки.
Управување преку мобилен телефон
Содржината може брзо и едноставно да се менува преку мобилна апликација достапна за Android и iOS уреди.
Техничка спецификација
Издржлива конструкција
Комбинацијата од ладно поцинкување и пластификација обезбедува двојна заштита од корозија, временски услови и други надворешни влијанија. LED дисплеите долгорочно ги задржуваат својот изглед и функционалност.
Решенија според вашите потреби
Делта Инфо нуди внатрешни и надворешни LED дисплеи во различни димензии, резолуции и конфигурации, целосно приспособени на локацијата и намената.
Со LED дисплеите на Делта Инфо, вашата порака станува повидлива, подинамична и повпечатлива.