За Нас
Дома / За Нас
За Нас
Делта Инфо е компанија со седиште во Скопје, основана во 2005 година. Повеќе од две децении сме посветени на развој и имплементација на современи LED визуелни решенија, помагајќи им на компаниите поефективно да комуницираат со својата публика.
Нашата специјалност се LED дисплеи, LED билборди и LED тотеми, со посебен фокус на решенија за бензински станици, казина и други бизниси кои имаат потреба од јасна и впечатлива визуелна комуникација. Нудиме комплетна услуга, која вклучува продажба, професионална инсталација и одржување на LED системи, како и изработка на прилагодени (custom) решенија според потребите на клиентите.
Со повеќе од 20 години искуство во LED технологијата и над 100 реализирани проекти, Делта Инфо се позиционира како доверлив партнер за компании кои бараат сигурност, квалитет и долгорочна поддршка. Наши клиенти се реномирани компании како Макпетрол, Лукоил и Апекс (Луксор), со кои успешно реализиравме значајни проекти.
Што не издвојува?
Она што нè издвојува е нашата посветеност на брзина, квалитет и грижа за клиентите. Користиме проверени и висококвалитетни LED компоненти, кои обезбедуваат поголема осветленост, подолг работен век и стабилна работа на системите. Со тоа им гарантираме на нашите клиенти сигурност и долгорочна инвестиција во нивната визуелна презентација.
Делта Инфо денес е препознаена како доверлив LED партнер, кој нуди професионална поддршка од почетната идеја до финалната реализација и одржување на системите.
Сервис и одржување
Делта Инфо обезбедува професионален сервис и редовно одржување на LED дисплеи и билборди, со цел нивна сигурна работа и долг работен век. Нашиот стручен тим врши дијагностика, замена на LED модули и електронски компоненти, софтверско конфигурирање и отстранување технички дефекти. Со навремена интервенција и превентивно одржување, обезбедуваме јасен приказ и непречено функционирање на вашиот LED систем.
Инсталација и монтажа
Нудиме комплетна услуга за професионална инсталација и монтажа на внатрешни и надворешни LED дисплеи. Процесот опфаќа подготовка на локацијата, поставување на конструкцијата, електрично поврзување, конфигурирање и тестирање на системот. Секоја монтажа се изведува внимателно и во согласност со техничките барања на просторот, со цел безбедно поставување, оптимална видливост и сигурна долгорочна работа.
Унапреди го твојот маркетинг!
Главни сервиси
Дознајте повеќе за нашите главни сервиси:
ЛЕД Тотеми
ЛЕД Дисплеи
ЛЕД Билборди
Помош и Поддршка
Некои од најчесто поставуваните прашања.
Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit nunc venenatis ac dia nec commodo etiam mollis nisl ac vehicula auctor erat nisi sollicitudin nisi non ultrices ante ante in libero cras commodo risus.
LED дисплеите се дигитални екрани кои користат светлечки диоди за прикажување текст, слики и видео содржина. Најчесто се користат за рекламирање, информирање и брендирање кај бензински станици, казина, трговски центри и деловни објекти.
Нудиме:
LED билборди (outdoor и indoor)
LED тотеми (ценовници за бензински станици, информативни дисплеи)
Видео екрани со висока резолуција (P2.5, P3, P4, P5, P6)
Custom LED решенија според барање на клиентот
Да, обезбедуваме целосна услуга:
Консултација и избор на решение
Продажба на опрема
Професионална инсталација
Обука за користење
Редовно одржување и техничка поддршка
Да, возможно е контактирајте нѐ